Вардар ја совлада Слога 1934 во Виница со 3-0, и се задржа на првото место во второлигашката конкуренција, со бод предност пред второпласираниот Гостивар, кој дома беше подобар од Арсими.
Најтрофејниот македонски клуб на ова гостување имаше поддршка од своите навивачи, па Црвено-црните имаа мотив плус и ветер во грб за да победат.
И во прва лига се одигра еден меч, Скопје и Силекс одиграа 0-0. За тимот од скопска Автокоманда, ова е шести бод сезонава, и уште се последни на табелата, додека кратовци се трети.