Шкендија убедливо со 5:1 го победи Вардар во дуелот на двата последни шампиони во македонското првенство. Едно полувреме траеше отпорот на вардарци, а потоа Шкендија во вториот дел покаѓа доминација и стигна до убедлив триумф.
Попзлатанов во 11 минута погоди за водство на Вардар, но само четири минути подоцна возврати Рамадани за 1:1. Во 40 минута гостите поведоа со голот на Ахмеди, а во вториот дел Шкендија продолжи да ја полни мрежата на Вардар.
Ибраими погоди за 3:1, потоа прецизен беше и Тотре, а во 86 минута Ахмеди од пенал ги постави конечните 5:1 за гостите.
Ако се погледнат резултатите во последните 15-тина години, Вардар никогаш нема примено пет гола во дуелите со Шкендија, како што прими денеска.
Вардар повеќе од три години нема поведа над Шкендија, односно цели 13 натпревари. Шкендија сега има 21 бодови и останува лидер во првенството, а Вардар е на осмото место со 11 бодови по девет одиграни натпревари.
Останатите мечеви од ова коло во Прва лига се играат утре, а се среќаваат: Академија Пандев – Шкупи, Борец – Македонија Ѓорче Петров, Ренова – Пелистер, Силекс – Работнички, Струга Трим Лум – Беласица.