Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа на гостувањето кај Алкалоид и колку толку се врати во игра за шампионската титула. „Вардарци“ беа подобри со 23-27 од големиот ривал, кој минатата сезона заврши пред нив на табелата и дојде до вицешампионското место.
Вардар во текот на целиот натпревар диктираше темпо и беше подобар противник, и сега се израмни по бројот на бодови со денешниот противник, по 12, и двете екипи сега се на делба на третата позиција.
Во водство е Еурофарм Пелистер со 17 бода, па Вардар сега ќе мора да ги победи битолчани, но и да чека нивни кикс на некој од останатите натпревари, за да го надополни неочекуваниот пораз од Тиквеш во Кавадарци.
Табела: 1. Еурофарм Пелистер 17, 2. Охрид 14, 3. Вардар 12, 4. Алкалоид 12, 5. Тиквеш 10, 6. Бутел 4, 7. Пролет 3, 8. Струга 0.