Вардар не сопира, го победи и Работнички за 16-ти меч по ред без пораз

Фудбалерите на Вардар со минимална победа од 1-0 како гостин против Работнички во 79-тото градско дерби дојде и до 16-тиот меч без пораз по ред. Босанскиот интернационалец, Горан Закариќ, беше стрелец на единствениот гол на мечот во 68-мата минута од пенал.

За скопските „црвено-црни“ попладнево и официјално заврши првенството, со оглед на тоа дека во последното коло требаше да играат против Гостивар, но тој меч ќе го добијат со службен резултат, па сега имаат точно десет дена да се подготват за големото финале од Купот на Македонија против Струга.

Она што е јасно после 32-рото коло од Првата македонска фудбалска лига е фактот дека кавадаречки Тиквеш и официјално си го обезбеди опстанокот, откако одигра 1-1 на гостувањето кај Шкупи. Без победник завршија и останатите два меча. Силекс и Пелистер во Кратово одиграа без голови, а Струга и Брера ремизираа, 1-1.

Резултати:

Работнички – Вардар 0-1
Шкупи – Тиквеш 1-1
Силекс – Пелистер 0-0
Струга – Брера 1-1
Беса – Воска 3-0 сл.
Гостивар – Шкендија 0-3 сл.

- Оглас -

Најнови вести