Вардар има големи проблеми со беспарицата и егзодусот на голем број на фудбалери што си заминаа од клубот, но „црвено-црните“ се жилави и не се предаваат, иако почнаа неуспешно во новата сезона со пораз од 0:1 против Борец.
Денеска најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија замина на поправен испит во Струмица кај Академците на Пандев, кои исто така стартуваа со пораз и тоа идентичен од 1:0 во Битола против Пелистер.
Вардар има страшнодобар биланс против Академија Пандев и е непоразен во 10 меча, за забележа шест победи и четири пати ремизираше.
Традицијата и рејтингот се на страната на актуелниот шампион, но многу подобрата финасиска состојба и квалитетот сега се адут на струмичани.
Дербито на второто коло ќе почне од 17 часот, исто како и преостанатите три дуели во кои Борец и е домаќин на Ренова, Шкендија ќе игра дома со Струга, а во скопското дерби Шкупи ја чека Македонија Ѓ.П. на Чаир.
Завчера во премиерниот меч од оваа рунда Силекс и Пелистер ремизираа 2:2, а вчера Работнички ја победи Беласица со 2:0.
Двојки, второ коло, 17 часот:
Академија Пандев – Вардар
Шкупи – Македонија Ѓ.П.
Шкендија – Струга
Борец – Ренова