Од фудбалскиот клуб Вардар негираа дека ќе купат или продадат некој играч додека играат во европските купови. Денеска се појавија шпекулации дека се договориле со репрезентативниот дефанзивец Дарко Велковски, па реагираа од клубот.
„Се појавија шпекулации дека Вардар размислува да потпише со некои играчи. Официјално е дека нема ништо од тоа додека трае европскиот пат на Вардар. Клубот засега не размислува ниту за доведување на нови играчи, ниту за продавање на некои од фудбалерите. Овој е составот додека трае европскиот пат на Вардар. За потоа, ќе видиме”, велат од таборот на Вардар, кои целосно се фокусирани за утрешниот реванш меч против Ла Фиорита во Сан Марино.