11.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Вардар нема друг избор освен да победи против германскиот бундеслигаш

Вардар продолжува со настапите во Европската лига на ЕХФ. Вечерва во својата сала „Јане Сандански“ ќе игра против Мелсунген со почеток од 20:45 часот. Германскиот бундеслигаш е со максимални шест бода и е лидер во групата во која со по два бода се Вардар, Бенфика и Кристијанштад.

Пред малку повеќе од една година, Вардар во Скопје го победи Мелсунген со 32:30. Тогаш таа победа на Црвено-црните делуваше како изненадување, но сега Вардарци се во улога на фаворити. Тренерот Иван Чупиќ калкулира дека со две победи на домашен терен, Вардар може да обезбеди место во осминафиналето во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

„Квалитетна екипа, има квалитетен тренер, играат заедно неколку сезони. Наша цел е дека со два домашни меча би обезбедиле осминафинале, тоа е наш прв план. За да се реализира тоа, нè чека тежок дуел. За крај на моето излагање, се надевам дека по тешката недела пред нас и што завршивме убаво против Алкалоид, утре ќе ја наполниме салата, и ние на теренот и навивачите на трибината ќе направиме атмосфера и задоволни со 2 бода ќе продолжиме“, изјави Чупиќ.

Во групата во која е и Вардар вечерва ќе играат и Кристијанштад – Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести