Вардар нема избор, само победа против Работнички носи надеж за спас

Вардар веќе нема избор и мора да го победи Работнички денеска во скопското, но и дерби на 31. коло во македонската Прва лига од 13 часот.

Најтрофејниот наш клуб е во незавидна позиција на претпоследното место на три кола до крајот на првенството и има императив да ги освои бодовите, ако сака да ја продолжи битката за спас.

Работнички е во комотна позиција на петтото место и може да игра порелаксирано за разлика од големиот градски ривал.

И второто дерби од 31. коло денеска од 13 часот е скопско, а меѓусебе ќе играат Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. Две екипи што се веднаш зад шампионот Шкендија и имаат големи шанси за настап во Европа.

Шкупи со 56 бода е во подобра ситуација од Лавовите од Ѓорче Петров и му требаат само уште два бода за да си осигура настап во еврокуповите.

Македонија Ѓ.П. има 51 бод, три повеќе од главниот конкурент Струга Трим Лум и мораат да останат непоразени во дербито за да го сочуваат третото место и по 31. коло.

Двојки, 31. коло, 13 часот:

Вардар – Работнички

Шкупи – Македонија Ѓ.П.

Пелистер – Академија Пандев

Шкендија – Струга Трим Лум 

Силекс – Борец

Ренова – Беласица

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести