Вардар нема среќа, нов одложен меч на европскиот првак

Дуелот меѓу ПИК Сегед и Вардар во рамките од третото коло во Лигата на шампионите кој требаше да се игра на 1 октомври во Унгарија, официјално е одложен. Причина за неиграњето на мечот во првично закажаниот термин се проблемите кои ги има унгарскиот тим со заразени играчи од корона-вирусот.

Засега не се знае кога ќе се игра овој дуел, а ЕХФ дефинитивно ќе има проблем да најде соодветни термини за одложените дуели. Вардар, кој уште го има приматот на европски првак, пред една недела не играше ниту против Елверум, откако противникот побара и доби дозвола од челниците на Европската федерација да не патува во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести