Повеќе од 20 дена фудбалерите на Вардар беа на подготовки во Анталија, а според планираното денеска требаше да пристигнат во Скопје. Сепак, тоа не се случи. Вардарци, непланирано уште една вечер ќе останат во Турција и тоа во Истанбул.
Причина за ваквата промена на планот е доцнењето на авионот кој требаше од Анталија да пристигне во Истанбул. Авионот доцнел, па поради тоа вардарци потоа го пропуштија летот од Истанбул за Скопје.
Иако веќе требаше да бидат во Скопје, вардарци вечерва ќе преспијат во Истанбул, а утре ќе допатуваат во Македонија, каде ќе ја одработат последната фаза од подготовките пред стартот на вториот дел од сезоната.
Вардарци во Турција одиграа шест меча, не добија ниту еден, а вкупната гол-разлика им е 3-14.

