Вардар никако да ја победи Беласица

Струмичка Беласица која се бори за опстанок, после победите против Академија Пандев и лидерот Шкендија, не успеа да дојде до хет-трик изненадувачки триумфи во Првата лига, но и бодот на гости кај најтрофејниот македонски клуб Вардар, е добар за струмичани.

Вардар нема пораз на 11 меча по ред, но „црвено-црните“ се оддалечуваат од борбата за титулата. Вардар нема пораз од Беласица од 2005 година, но по четврти пат сезонава одигра нерешено со струмичани, и тука загуби драгоцени, можеби и планирани бодови во трката со Шкендија.

Тетовчани го разбија Шкупи, дуелот меѓу кандидатите за испаѓање Победа и Силекс им припадна на кратовци. Битката за титула не е интересна како таа за опстанок, па пред нас е интересен мај.

РЕЗУЛТАТИ, 31. КОЛО: Вардар – Беласица 1-1, Шкендија – Шкупи 5-1, Победа – Силекс 0-1, Академија Пандев – Работнички 3-1, Македонија Ѓ.П. – Ренова 3-1.

ТАБЕЛА: Шкендија 69, Вардар 58, Академија Пандев 50 (еден натпревар помалку), Шкупи 42, Работнички и Ренова по 39, Македонија Ѓ.П. 38, Силекс 34, Беласица 31, Победа 23 (еден меч помалку).

 

- Оглас -

Најнови вести