Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 на 1 јули во Виена може со оптимизам да ја чека ждрепката за групите од Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација, ЕХФ, објави дека Вардар 1961 ќе биде во првиот шешир, заедно со ПСЖ, Веспрем и Барса. ЛШ ќе се игра по нов систем, 16-те тима ќе бидат во две групи со по осум тима, што значи дека Црвено-црните ќе избегнат два од овие три гиганти.
Во вториот шешир ќе бидат Кил, Кјелце, Алборг и Порто. Во третиот ќе бидат Мешков Брест, Мотор, Нант и Пик Сегед. Во последниот шешир ќе бидат Флензбург, Целје, Елверум и ППД Загреб.