Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од утре официјално ќе стартува со подготовки за сезоната 2024/25 во Првата лига.
Откако вчера беше постигнат договор со новите сопственици, „Комити“ денеска информираа дека првиот тренинг на тимот ќе се одржи во базата во Хиподром од 17 часот.
„Најавуваме присуство на тренингот и ги повикуваме сите навивачи и симпатизери да присуствуваат и заедно да испратиме јасна порака: ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ! Приказната за клубот на народот продолжува. Затоа утре – СИТЕ НА ТРЕНИНГ“, информираат „Комити“.