Вардар одамна не бил олку потценет

Европскиот ракометен првак Вардар, нема што да бара на гостувањето кај унгарски Веспрем, барем според квотите на обложувалниците. Во Sport Life, победата на Веспрем е со ниска квота од само 1,17, а ако уплатите на победа на македонскиот шампион, ќе заработите седум пати повеќе пари од уплатата.

Не се памети кога вардарци биле толку големи аутсајдери на хартија на еден натпревар од Лигата на шампионите, како што се денеска од 17.30 часот. Но, тоа не значи дека „црвено-црните“ се отпишани однапред. Лошиот резултат и игра против Кил, може да бидат покриени со победа кај Веспрем кој во своите редови ги има некогашните вардарци Дејан Манасков, Арпад Штербик, Рожерио Мораеш и Вуко Борозан.

Во последното финале на ЛШ, Вардар го победи Веспрем со 27-24, што беше само втора победа во дуелите во Унгарците во девет пресметки.

На клупата на Вардар ќе биде Едуард Кокшаров, што би требало да биде позитивен импулс, и будење на тимот. Давид Писонеро ќе биде помошник на Кокшаров, кој привремено ќе ја врши тренерската улога во клубот.

- Оглас -

Најнови вести