Вардар официјално го потврди договорот со Босанецот Ќосиќ

Босанскиот одбранбен играч Ѓорѓе Ќосиќ и официјално е нов фудбалер на ФК Вардар, потврди клубот на својата фејсбук-страница.

Ќосиќ има 28 години, игра на позициите централен дефанзивец и лев бек, а доаѓа од екипата на Тузла сити. Има настапувано и за Шахтјор Караганди, Младост ГАТ, Борац Бања Лука, Зрињски, Витез, Звијезда 09. Со Борац има освоено титула во првенството на БиХ.

Наскоро се очекува Вардарци официјално да го обелоденат договорот и со одличното крило Горан Закариќ, кој исто така денеска стави потпис.

- Оглас -

Најнови вести