Вардар означи старт на подготовките, главната фаза во Словенија

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, денес и официјално означи старт на подготовките за новата сезона, во која прв предизвик ќе биде настапот во квалификациите за Конференциската лига.

„Црвено-црните“ по пауза од шест години се враќаат во европските натпреварувања, а во првенството ќе имаат и високи амбиции, а тоа во секој случај е битка за трофеите.

Вардарци деновиве ќе ги направат задолжителните лекарски прегледи, а веќе во петок ќе следи преселба во Раденци, Словенија, каде ќе ја имаат главната фаза од подготовки. Вардар во Словенија ќе игра контролни дуели против реномирани екипи како што се Будуќност Подгорица (17.06), Олимпија Љубљана (21.06), Рапид Букурешт (24.06) и Марибор (28.06), додека се уште не е потврден противникот за контролниот дуел на втори јули.

- Оглас -

Најнови вести