Вардар пак е аутсајдер, но Веспрем е тимот што треба да се плаши

Вардар – Веспрем (18 часот, финале Лига на шампиони)

Вчера цела Македонија повторно се гордееше со Вардар, Црвено-црните направија чудо против Барселона и обезбедија битка за најпрестижниот клупски ракометен пехар во Европа. Ниту по седум гола негатива Вардарци не се откажаа, лавовската храборст која ракометарите ја имаат во себе уште еднаш се покажа на дело.

Сепак, ништо не е готово, одлично е што се пласираа во финале, но тоа не е доволно.Сега сите посакуваат Вардар да се врати во Скопје со титулата, а во таа битка против Веспрем ќе влезат како аутсајдери. Ако досега научивме нешто, тоа е дека на македонскиот првак му одговара да биде аутсајдер, а најдобро го знае тоа Барса, така што секоја победа е послатка.

Единствено што го загрижува тренерот Роберто Парондо е Игор Карачиќ. Хрватот врши напори да биде подготвен за настап иако вчера се здоби со повреда на листот од левата нога. Но, ако не игра Карачиќ, тогаш неговите соиграчи ќе имаат дополнителен мотив да стигнат до трофејот.

Предлог тип: 1 (3.10)

 

Барселона – Кјелце (15:15 часот, дуел за трето место)

Барса и Кјелце по вчерашните разочарувања утехата ќе ја бараат во битката за трето место. Нормално, мотивот не е на исто ниво како пред почетокот на овој фанјл-фор, но имаат должност е да ги одмерат силите и воедно да приредат симпатичен дуел, што би бил загревање и најава за спектакуларното финале меѓу Вардар и Веспрем.

Од 2010 година па наваму, Барселона само еднаш загубила од полскиот тим, додека во нивна полза завршиле пет средби, а само во два наврати не се издвојувал победник.

Според квотите во Sport Life обложувалници, Барселона ја има фаворитската улога со 1.45 квота на „кец“.

Предлог тип: 1 хен -2.5 (1.85)

 

Дижон – Ленс ( 21 часот. Разигрувања за опстанок во Лига 1, втор натпревар)

Дижон успеа да остане непоразен во првата пресметка при резултат од 1-1, па сега пред свои навивачи го пречекува Ленс и верба дека ќе остане во француската елита. Домашниот терен секако им носи фаворитска улога, па останува на нив да ја оправдаат истата.

Ленс повеќе од 15 години нема остварено победа кога гостува кај Дижон, но исто така треба да се знае дека четири од последните пет меча завршиле без победник.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.80)

 

Верона – Цитадела (21:15 часот – Разигрувања за пласман во Серија А, втор натпревар)

Цитадела го направи првиот чекор кон пласман во италијанската елита, запиша победа од 2-0 во првиот меч што се играше на нивен терен. Сепак, пред нив се нови 90 минути, во кои Верона ќе притиска да се врати во игра, што значи дека се очекува интересна и неизвесна битка на „Бентегоди“.

Во полза на Верона е фактот што Цитадела од 2007 година се нема радувано како гости во меѓусебните дуели, додека последните два меча во кои Верона беше домаќин ги доби со 4-0 и 2-0. Само еден дуел од последните 10 меѓусебни завршил без голови, на останатите девет меча се постигнувале најмалку по два гола, така што се очекува голови да не недостасуваат и во оваа средба.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.0)

 

Франција – Боливија (21 часот, пријателски натпревар)

Светскиот првак во Нант ќе се загрева за новиот циклус квалификации за ЕП 2020, а гостин и спаринг партнер ќе им биде селекцијата на Боливија. Ова ќе биде прва средба воопшто меѓу Франција и Боливија, но тоа не прави никаква разлика за Триколорите. Дешамп поседува огромен квалитет во составот, а ѕвездите Мбапе, Гриезман, Погба и останатите ќе треба да покажат зошто се прва светска сила.

Франција во овој дуел ќе влезе со солидна форма. По Мундијалот во Русија одиграа вкупно осум меча, во кои издвоија пет победи, две ремија и само еден пораз. Боливија пак е без триумф во последните шест меча кои беа од пријателски карактер.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (2.45)

- Оглас -

Најнови вести