15.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Вардар пак е на врв, по подолго време победи со повеќе од еден гол разлика

Вардар го победи Тиквеш со 3-1, по што скопските Црвено-црни повторно се на прво место на табелата, со еден бод повеќе од второпласираната Струга.

Вардарци отпорот на гостите го скршија во 81-ва минута кога Спахиу даде гол по асистенција на Маневски (двајцата некогашни членови на Тиквеш). Стрелецот Спахиу не прославуваше од почит кон кавадарчани.

Четири минути подоцна Мато погоди и стави точка на надежите на Тиквеш дека може да остане непоразен. Вардар првпат по 21-ви септември доби прволигашки меч, а тоа да не е минимална победа.

Во Битола, Керим со гол со глава по кикс на протиничкиот голман кој извиси при нафрлена топка, му донесе триумф на Пелистер од 1-0 против Брера. Битолчани вторпат сезонава го победија струмичани, а имаат вкупно три победи.

- Оглас -

Најнови вести