Вардар – Пелистер е можно само во финалето на ракометниот куп

Ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија во ракомет за мажи сакаше домаќинот ГРК Охрид да се сретне со Еурофарм Пелистер, додека во скопското полуфинале ќе се борат Вардар 1961 и актуелниот освојувач на Купот, Алкалоид.

Полуфиналните мечеви се закажани за 31 мај во Охрид. Првото полуфинале треба да биде од 17 часот и во него ќе играат најтрофејниот Вардар и Алкалоид, а од 19.30 часот ќе биде дуелот на охридските Гладијатори и фаворизираните битолчани.

Финалето е закажано за 1 јуни во 17.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести