Вардар, Пелистер и Алкалоид се „чекираа“ на завршниот турнир од Купот на Македонија

Екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид обезбедија пласман на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија, откако беа најдобри на четвртфиналните турнири на кои беа и организатвори.

Бранителот на трофејот, Вардар, ја оправда фаворитската улога и со две победи над Бутел (26-19) и над втората екипа на Еурофарм Пелистер (27-22). Она што е интересно, „црвено-црните“ двата натпревари ги одиграа денес и тоа во рок од само шест часа.

Две победи во еден ден имаше и Алкалоид, кој беше подобар од Радовиш (41-21) и од Пролет (34-18) за пласман на завршниот турнир.

А, таму прв се чекираше актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, кој во четвртокот беше подобар од Прилеп со минимални 30-28.

Последниот билет помеѓу најдобрите четири екипи во Купот на Македонија се очекува да му припадне на Охрид, кој утре ќе игра против подобриот од дуелот на Младост од Богданци и Куманово.

Ракометната федерација на Македонија дополнително треба да ја изврши ждрепката и да ја одреди салата во која четирите екипи ќе се борат за трофејот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести