Ракометарите на Вардар имаат максимален ефект од девет победи на деветте официјални натпревари оваа сезона. На осумте победи во Супер лигата додадоа триумф и над Сесвете во Лигата на Европа, а овој биланс сакаат да го задржат и по тешкото гостување во Франција, против екипата на Тулуз.
Французите се фаворити според квотите во Sport Life со 1.22, но затоа квотата за победа на Вардар е фантастична, 5.80. Тулуз во моментов е на 10-тата позиција во првенството на Франција со три победи и четири порази, па нема зошто да не веруваме дека Вардар може да дојде до победата.
Денес се играат вкупно 16 натпревари од групната фаза на ракометната Лига на Европа и сите се дел од богатата понуда на Sport Life.