Вечното македонско ракометно дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар вечерва од 18 часот е на програмата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Двете екипи го играат можеби и најзначајниот меч оваа сезона.
Вардар е „перфектен“ во Супер лигата со 15 победи на 15 меча, па евентуален триумф и во Битола ќе значи дека ќе му „побегне“ на Еурофарм Пелистер на +6 бода, што би било речиси недостижно.
Од друга страна, актуелниот шампион на овој меч гледа сламка за спас на сезоната и останување во трката за одбрана на титулата.
Квотите во Sport Life му даваат предност на Еурофарм Пелистер (1.75), додека квотата за победа на „црвено-црните“ е 2.35.
Вардар славеше со 31-28 на првиот меѓусебен дуел оваа сезона во Скопје, а предноста од четири поени пред вечниот ривал ја стекна откако битолчани двапати одиграа нерешено против Алкалоид.


