Фудбалерите на Вардар и во вториот меч сезонава славеа во дуелот со Македонија ЃП и запишаа три бода на своето бодовно салдо кои им се многу важни во битката за избегнување на последната позиција на табелата.
Црвено-црните денеска славеа со 0:1 и тоа благодарение на голот на Милосавиќ во 35-та минута, и со тоа ја прекинаа серијата од четири порази по ред.
Вардар првата победа сезонава ја оствари токму над Македонија ЃП и тоа од 2:1.
И покрај победата и трите бода, Вардар е последен на табелата со 14 освоени бодови, два помалку од Брегалница и Воска спорт, додека Македонија ЃП остана на 18 освоени бодови.