1.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Вардар победнички во „Автокоманда“ за убедливо прво место по регуларниот дел од Супер лигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Алкалоид на гостински терен со 25-28 и на тој начин со убедлива предност пред конкурентите го завршуваат регуларниот дел од македонската Супер лига.

„Црвено-црните“ во текот на целото прво полувреме имаа водство, а на паузата заминаа со предност од минимални 13-14. Во второто полувреме следуваше пресврт на Алкалоид и нивно водство од два гола, но Вардар се врати и во самиот финиш дојде до сигурна предност од три гола, која не ја испушти до крајот од мечот.

Вардар го завршува регуларниот дел од Супер лигата како лидер со 42 бода, четири повеќе од Еурофарм Пелистер и сигурно чекори кон враќање на титулата во своите витрини.

Супер лигата ќе се комплетира во вторник со дуелот на Пролет и Охрид, па охриѓани може да дојдат до ефект од 37 бода, додека Алкалоид со поразот од Вардар останува на 35 поени.

Јака Малус со 10 гола беше убедливо најефикасниот на паркетот во „Автокоманда“, а неговите соиграчи Митровиќ и Хориха постигнаа по шест. Во поразениот состав најмногу голови постигна Борзаш, девет.

- Оглас -

Најнови вести