Екипата на Вардар победи со 28:26 на гостувањето кај Тулуз во меч од второто коло во Европската лига на ЕХФ и сега црвено-црните имаат максимални четири бода. Вардар е на првото место на табелата во својата група, пред Кристанштад со три бода, Сесвете има еден бод, а Тулуз е на последното место без ниут еден освоен бод.
Вардар одлично го започна мечот и поведе со 6:1 и потоа постојано го контролираше резултатот и високата предност. Пред крајот на полувреме, Вардар прв пат стигна и до седум разлика (17:10), а на полувреме замина со предност од 18:11.
На почетокот на второто полувреме Вардар водеше и со девет разлика (21:12), но потоа Црвено-црните како да застанаа. Тулуз заигра многу подобро и домаќините и со серија од 10:2 стигнаа до само еден негатива (22:23). Тоа беше најава за неизвесна завршница.
Во 54 минута беше 24:25, но Вардар кога беше најпотребно заигра како што посакува и стигна до 28:25 во 58 минута и македонскиот преставник стигна до посакуваната победа.