Вардар ја нанижа четвртата последователна победа во сите натпреварувања, а вечерва во „Јане Сандански“ лесно беше совладан тимот на Нексе со конечни 27:25. Во третиот меч од групната фаза во СЕХА-лигата, избраниците на Писонеро дојдоа до вториот триумф пред своите навивачи откако ги решија дилемите во последните дваесетина минути од средбата против гостите од Хрватска.
Нексе беше рамноправен противник во првиот дел и во неколку наврати имаше двојна предност. Беше неизвесно некаде до 40-тата минута, а Вардарци додадоа гас и со серија од 5-0 остварија сигурна предност која не смееше да се испушти во остатокот од мечот. При резултат од 26:20 во корист на Вардар, мини-серија направи и хрватскиот состав, па на крајот се заврши со 27:25 во корист на македонскиот и европски првак.
Дибиров со девет гола го предводеше Вардар, Дизингер придонесе со шест погодоци, а Гедбан запиша 15 интервенции. Думенчиќ и Милета со по четири гола беа најрасположени во составот на Нексе.