Вардар оствари триумф над Беса славејќи со 3-1 во првиот меч од 29-то коло во Првата фудбалска лига. Овој натпревар се одигра на комплексот на ФФМ, а блескаше капитенот на Црвено-црните, Горан Закариќ.
Тој го отвори резултатот од пенал во 45-та минута, а потоа постигна и прекрасен гол од 18 метри во 58-та минута од мечот за водство од 2-0.
Влатко Стојановски со погодокот во 69-та минута даде мала надеж за Беса, но само две минути подоцна вардарци постигнаа и трет гол и преку Роџерс Мато го решија победникот.
Ова е 13-ти натпревар на Вардар без пораз, што е нова рекордна серија на клубот. надминувајќи ги 12-те меча без пораз од сезоната 2019/20.
Останатите натпревари од ова коло се закажани за утре, а во понеделник треба да се одигра дуелот меѓу Брера и Воска Спорт, но охриѓани денеска јавно известија дека се повлекуваат од натпреварувањето.