Лидерот на прволигашката табела, Вардар, само за 45 минути против Арсими во првото пролетно коло има убедливи 4-0 и веќе може да ги впише бодовите на своето конто.
Она што е интересно, првите три гола за Вардарци беа дело на новите фудбалери кои пристигнаа во зимскиот преоден рок. Стефан Цветковиќ погоди уште во петтата минута, а Бобан Николов зголеми на 2-0 во 20-тата.
Веќе во 34-тата минута беше 3-0 за Вардар со голот на репрезентативецот Дарко Велковски, а четвртиот гол беше дело на српскиот интернационалец Немања Босанчиќ.
Вардар одлично пазареше зимава, а тоа се покажава уште на првиот натпревар пролетва против Арсими, и тоа само за 45 минути игра.

