Вардар покажа сила против лидерот Шкендија, тетовци треба да се задоволни со освоениот бод

Вардар и Шкендија ремизираа 1:1 во првиот меч од 24 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. На стадионот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Вардар беше поблиску до победата, па тетовци може да бидат задоволни што освоија бод на ова тешко гостување.

Двата гола беа постигнати во рок од неколку минути. Поведе Шкендија со голот на Решат Рамадани кој погоди од далечина.

Кратко траеше радоста на гостите, затоа што само четири минути подоцна, Вардар израмни. По една добра акција Спахиу успеа да ја затресе мрежата на Шкендија и да донесе голема радост за навивачите кои ги исполнија трибините на стадионот „Петар Милошевски“.

Во второто полувреме Вардар ја имаше иницијативата, но скопските Црвено-црни не успеаа да постигнат гол, па на крајот двата тима освоија по еден бод.

Шкендија сега има 50 бодови и останува лидер на табелата, а Вардар стигна до 22 бодови што моментално е доволно за осмата позиција во Прва лига.

Утре се играат останатите мечеви од ова коло во Прва лига.

- Оглас -

Најнови вести