Големиот пожар во Трубарево ги доведе под ризик сите кои се најдоа во околните населени места, меѓу кои и Хиподром, каде се наоѓа базата на ФК Вардар.
По препорака на надлежните органи за евакуација на сите кои се во близина на жариштето, Црвено-црните ќе заминат во Охрид, каде ќе се подготвуваат за претстојниот натпревар од шестото коло во ПМФЛ против Арсими.
Тренерот Гоце Седлоски го откажа утринскиот тренинг, а тимот попладнево треба да отпатува за Охрид.