Вардар доживеа пораз на пријателскиот натпревар против македонскиот клуб од Австралија, Престон Лајонс, одигран денеска на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Црвено-црните загубија со 2-4 во натпревар во кој гостите поведоа, но Едиз Спахиу донесе израмнување на 1-1.
Во второто полувреме, Престон ја врати предноста со 1-3, а Спахиу со својот втор гол намали на 2-3. Меѓутоа, гостите успеаја да ја заокружат победата со конечни 2-4.
Престон Лајонс во рамките на посетата на Македонија ќе одигра уште еден пријателски меч, во четврток против Пелистер во Битола.