Најтрофејниот македонски клуб Вардар доживеа пораз (2-1) од украинскиот тим Верес Ривне на подготовките во Анталија. Стрелец на голот за Вардар беше Џибрил Дијанеси од пенал, кој беше направен над новиот играч Касим Роџерс Мато во 83-тата минута.
Двата тима овој натпревар го започнаа со комбинирани состави, а Верес оствари водство од 2-0, по што Црвено-црните постигнаа погодок за намалување на резултатот, што се покажа и како конечен епилог.
За два дена Вардар ќе одигра уште еден пријателски натпревар со унгарскиот тим Чаквар Аквитал.