Поразот на скопски Вардар во комбинација со победа на Воска спорт, донесе промена на челната позиција на второлигашката табела.
Вардарци загубија од Беса во Врапчиште со 1-2, тоа е втор пораз за Вардар сезонава, а Воска во Охрид ја совлада Беласица со 4-1, па сега Воска е лидер и има еден бод повеќе од најтрофејниот македонски клуб. Десниќ погоди за водство на Вардар, но Беса израмни преку Фетаи за 1:1 на полувреме. Целосен пресврт Беса направи со погодок во второто и на крајот стигна до победа над најтрофејниот клуб во Македонија.
Гостивар со 5-0 (сите голови во вториот дел) го растури Тетекс кој остана со двајца играчи помалку во раната фаза од мечот, и сега гостиварци се на само еден бод зад Вардар.