10.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Вардар посакува реприза од пред една недела, Алкалоид да најде лек за Црвено-црните

Минатиот викенд Вардар 1961 го победи Алкалоид со 28-25 во последното коло од првиот лигашки дел на Суперлигата, а ждрепката за плејофот сакаше овие два тима повторно да се сретнат и денеска од 18.30 часот (пренос на МРТ 3 и Јутјуб каналот на РФМ), пак во „Автокоманда“.

Не е лесно да го победите тимот на Кирил Лазаров во негова сала, особено не двапати по ред за една недела, а токму тоа е целта на вардарци. На Вардар победата му треба за да се врати на плус четири во однос на првакот Еурофарм Пелистер на кого му гостува за околу две недели.

Фармацевтите реално немаат шанса за титула, ќе им треба чудо, дури и да ги добијат сите мечеви до крајот, не би биле сигурни дека ќе станат шампиони, но триумф над Вардар многу би им значел. Денеска и во Битола ќе се навива за Алкалоид.

За поинтересно да ви биде следењето на мечот, може да уплатите во Sport Life на некоја од големиот број игри и да чекате добивка. Може да се обложите кој ќе победи, или пак дека ќе биде нерешено, како и на број на голови, исход во првото полувреме, итн.

- Оглас -

Најнови вести