-2.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Вардар после девет години победи во Тетово и го презеде врвот

Скопски Вардар е нов лидер на прволигашката табела откако во големото дерби ја победи Шкендија со 1-0, во последниот меч од 10 коло на домашното првенство. Сега најтрофејниот македонски клуб е единствен непоразен тим во лигата.

Стрелец на голот за Вардар беше Давид Бабунски од пенал на почетокот на второто полувреме.

Вардар девет години немаше лигашка победа во Тетово, а денеска конечно го разби малерот, благодарение и на постоењето на ВАР технологијата. Во финишот Бесарт Ибраими даде убав гол, но беше поништен поради очигледен офсајд, па радоста на актуелниот првак и неговите фанови беше прекината.

Сега Вардар е прв на табелата со 24 бодови пред Струга со 23, а Силекс и Шкендија имаат по 21.

- Оглас -

Најнови вести