Вардар после една година се враќа на европска сцена, но е голем аутсајдер против Рајн Некар (Фото)

Ракометарите на Вардар после пауза од една сезона поради минатогодишната суспензија од Лигата на шампионите, се враќаат на европска сцена, но овојпат во квалификациите за второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.

Вардарци воопшто немаа среќа во ждрепката и за противник го добија најсилниот можен противник, германски Рајн Некар Левен.

Овие две екипи во Лигата на шампионите имаат одиграно вкупно 10 натпревар. Вардар е далеку поуспешен со седум победи, двапати се радувале ракометарите на Рајн Некар Левен, а еден меч завршил нерешено.

Сепак, тоа се некои други времиња во кои Вардар владееше во ракометна Европа. Реалноста е сосема друга, а тоа го покажуваат и квотите во Sport Life. Победата на германскиот состав носи квота од само 1.05, додека доколку се одлучите да одиграте навивачки, тогаш имате фантастична квота од 15 за победа на Вардар.

Натпреварот се игра вечерва со почеток во 19 часот во СЦ “Јане Сандански“.

- Оглас -

Најнови вести