Вардар ќе ја пречека Ла Фјорита од Сан Марино во дуел од првото квалификациско коло во Конференциската лига на 10 јули, од 20.30 часот, на Арената „Тодор Проески“.
За најтрофејниот македонски клуб тоа ќе биде прв европски меч во Скопје, по оној со Пјуник во летото 2018 година.
Освен Вардар, ќе играат и Шкендија (тетовци играат против ТНС од Велс во првото коло квалификации за Лигата на шампионите) и Работнички (со Торпедо Белаз од Белорусија во квалификциите за Конференциска лига). Силекс за домашен го пријави теренот на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Вардар првиот меч го игра дома, а реваншот на гости, додека другите македонски претставници на реваншите играат во Скопје.