Вардар потклекна на Чаир, Шкендија му побегна со победа против Работнички

Бразилецот Сержињо најдобро се снајде во 57. минута и со гол го одлучи дербито меѓу Шкупи и Вардар. Домаќините на „Чаир“ се радуваа на трите бодови, со кои сега можат полесно да дишат, иако останаа во опасната зона за испаѓање.

Вардар со сите проблеми што ги има, потклекна во вториот дел, прими гол и сега е со само една победа на послендите пет натпревари.

„Црвено-црните“ долго беа лидери, имаа и 7 бодови предност, но сега се со минус три во однос на лидерот и актуелен шампион Шкендија.

Тетовци беа подобри од Работнички по петти пат на последните пет меча. Со головите на Изаир Емини и на албанскиот интернационалец Гледи Мици ги совладаа „романтичарите“ со 2:1 во Скопје. Голот за домаќините го постигна Оливер Пеев.

Играч на 14. коло секако ќе биде Христијан Кировски. Напаѓачот на Македонија Ѓорче Петров беше незадржлив во Струмица и даде три гола на Беласица и го предводеше својот тим до значајна и убедлива победа од 4:1. Да Силва еднаш стрелаше прецизно за Македонија Ѓ.П, а Милушев го постигна почесниот погодок за Беласица.

Ренова успеа да направи пресврт и да ја победи Победа на домашен терен со 2:1. Влатко Стојановски игра се подобро, повторно беше стрелец за „гипсарите“, а бодовите ги однесе Гафури. Првиот гол на мечот за предност на Победа од 1:0 го постигна Танушев.

В о Кратово Силекс славеше значајна победа со голот против Академија Пандев со голот на Георгиев.

 

Резултати, 14. коло:

Шкупи – Вардар 1:0

Работнички – Шкендија 1:2

Беласица – Македонија Ѓ.П. 1:4

Ренова – Победа 2:1

Силекс – Академија Пандев 1:0

 

Табела: Шкендија 31, Вардар 28, Академија Пандев 22, Ренова 19, Победа и Работнички по 17, Македонија Ѓ.П. 16, Шкупи 15, Силекс и Беласица по 14.

 

- Оглас -

Најнови вести