Шкупи го победи Вардар со 3-0 во скопското прволигашко фудбалско дерби. Стрелците на првите два гола за Шкупи, Гуџуфи и Ибиши, се некогашни членови на Вардар.
За Шкупи ова е четврта победа по ред против Вардар на „Чаир“ и тоа сите со по барем два гола разлика. Чаирчани го сменија тренерот после второто коло, и конечно во оваа трета рунда со новиот тренер успеаја да победат. Вардар има една победа и два порази, поразите беа на гости, а победата дома.
Работнички беше подобар од првакот Струга, Камерунецот Гандо даде прекрасен гол, а историска прва прволигашка победа извојува Беса 1976.
РЕЗУЛТАТИ: Беса 1976 – Тиквеш 1-0, Пелистер – Силекс 1-0, Работнички – Струга Трим Лум 2-0, Шкупи – Вардар 3-0, Воска спорт – Гостивар 0-2. Вечерва играат Брера Струмица – Шкендија.
На табелата водат Гостивар и Работнички со по 7 бодови.