Вардар потпиша со холандски репрезентативец

Холандскиот репрезентативец Ларс Коиј во новата сезона ќе го носи дресот на РК Вардар, потврдија од таборот на Црвено-црните. Коиј игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар, и воопшто прв играч што доаѓа во Македонија од оваа земја.

Холандија последниве години сериозно се наметнува во машкиот и женски репрезентаивен ракомет. Машката репрезентација „врза“ три настапи на последните ЕП, каде го освојуваа 17 место (2020), па беа 10. (2022) и на последното Еп го освоија 12 место. Играше и на СП 2023 година.



Ларс Коиј (23 годинаи, 199 см.) доаѓа од екипата на Хам Вестфален во Германија каде настапуваше претходните две сезони. Претходно има настапувано и за екипата на Тонден во Данска. Квалитетите на Коиј ги препозна и Флензбург кој го ангажираше овој млад ракометар и две сезони играше за вториот тим (до 19 и до 23 години) и беше шампион на Германија со екипата до 23 години.

„Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, изјави Ларс при потпишувањето на договорот.

- Оглас -

Најнови вести