Кире Маркоски е нов фудбалер на Вардар, соопштија од таборот на најтрофејниот клуб во Македонија. Маркоски е докажан напаѓач кој еден дел од кариерата беше и во репрезентативниот состав на Македонија. Има шест настапи и еден гол за сениорскиот тим на Македонија, а за младата селекција одигра 16 дуели и даде шест погодоци, а беше дел и од историското прво Европско првенство во 2017 година.
Маркоски во Вардар потпиша едногодишен договор, а тоа е играч кој има одиграно над 150 настапи во Прва македонска лига, но добар дел од кариерата помина и во странство. Има играно во АЕЛ Лимасол во Кипар, а со Спартак Трнава се радувал на Купот во Словачка во 2019 година.