Вардар потсети на старите добри времиња, го прегази Валур за прва победа во ЛЕ

Ракометарите на Вардар успешно дебитираа во групната фаза од Лигата на Европа, откако на првиот меч против Валур на домашен терен забележаа убедлива победа од 33-26.

Вардарци освен на почетокот кога беше израмнето, доминираа во текот на целиот меч, а се чини дека натпреварот го добија кон средината на првиот дел кога ракометарите на Валур седум минути не постигнаа гол, а Вардар се одлепи на +6, односно 13-7. До крајот на полувремето оваа разлика се зголеми на 19-11.

Во второто полувреме скопските „црвено-црни“ одиграа рутински и успеаја да ја сочуваат високата предност и да победат со 33-26. Марко Срдановиќ и Вуко Борозан беа најефикасни во редовите на Вардар со по шест гола.

- Оглас -

Најнови вести