Вардар го претрпе и вториот пораз на подготовките во Аланија, Турција, а денеска резултатот е 1-3 за Сумгаит. „Црвено-црните“ загубија и на првиот меч што го доби Иртиш со 2-1.
Попладнево азербејџанскиот клуб Сумгаит беше поуспешен, иако мечот имаше поинаков тек од тој против Иртиш.
Сега Вардарци поведоа со голот на Евгениј Новак во 37-мата минута и на полувремето имаа предност од 1-0. Во продолжението Азербејџанците беа подобри и победија со 3-1.
Вардар е на подготовки во Аланија од 16-ти јануари, а покрај дуелите со Иртиш и со Сумгаит, има закажано тест-средби и со украинска Александрија на 28-ми јануари и со Черно Море на втори февруари.
Во меѓувреме се бараат уште три противници за пријателски мечеви, а враќањето во Скопје е предвидено за четврти февруари.
Првиот меч од продолжението на домашното првенство Вардар ќе го игра со лидерот Шкендија на 17-ти февруари.