Вардар поведе со сомнителен погодок, Шкендија даде гол од корнер (Видео)

Вардар има водство од 2-0 по првиот дел на Куп-мечот со Брера Струмица, додека во другото полуфинале Шкендија во Тетово води со 1-0 против Струга Трим-Лум.

Вардарци поведоа со голот на Сенгор, кој можеби беше во офсајд-позиција пред да ја спроведе топката во празната мрежа по додавањето со глава од Дурански, а на 2-0 зголеми Хрватот Матиќ со својот прв гол во дресот на најтрофејниот македонски клуб.

Потегот на денот засега го има Флорент Рамадани од Шкендија, кој против Струга даде гол директно од корнер. Погледнете како Рамадани го измами голманот Ќосевски:

- Оглас -

Најнови вести