32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Вардар повикува: сите вардарци на стадион в четврток

По успешната прва квалификациска рунда во која Вардар ја помина првата пречка во квалификациите во Лигата на конференции на УЕФА, на ред е двомечот со швајцарскиот претставник Лозана.

Првиот натпревар се игра в четврток на 24-ти јули во Скопје, на арената „Тодор Проески“ од 20.30 часот. Вториот натпревар ќе се одигра на 31-ви јули истотака од 20.30 часот.

Билетите за мечот во Скопје, може да се купат на следниот ЛИНК. Цената на билетите е од 100 до 300 денари, во зависност од трибината.

На Црвено-црните ќе им треба силна поддршка од навивачите бидејќи Лозана е силен тим кој може да биде победен само со заеднички сили на фановите и играчите. Вардар одамна не играл толку важен меч во Европа, затоа сите поддржувачи на најтрофејниот македонски клуб треба да се најдат на трибините на нашиот најголен стадион и да бидат 12-тиот играч.

- Оглас -

Најнови вести