14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Вардар повторно има репрезентативец во своите редови

По подолго време, најтрофениот македонски фудбалски клуб Вардар, во својот состав има репрезентативец. Не се работи за фудбалер кој е дел од македонската национална селекција, туку за Уганда.

Засилувањето од зимскиот преоден рок, Даниелс Мато е повикан да биде дел од селекцијата на Уганда за престојните два меча од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Талентираниот 21-годишен Мато уште пред три години дебитираше во националниот дрес на Уганда и веќе има 26 настапи, а постигнал и четири погодоци. Уганда на 17 март ќе гостува кај Мозамбик во дуел од петото коло во квалификациите за СП 2026, а една недела подоцна на свој терен ќе игра против Гвинеја.

По четири одиграни кола, Уганда има две победи и два порази и има шест бодови, колку што имаат и Боцвана и Гвинеја. На првите две места се Алжир и Мозамбик со по 9 бодови.

Мато се наоѓа во добра форма, а тоа го покажува и со игрите во дресот на Вардар. Пред само неколку дена тој постигна прекрасен гол во победата на Црвено-црните на гости кај Струга Трим Лум кога погоди од далечина.

 

 

Мето е во добра форма

- Оглас -

Најнови вести