Актуелниот македонски и европски првак Вардар заврши како третопласиран на Супер Глоуб турнирот кој заврши денеска. Црвено-црните во борба за бронзениот медал го победија тимот на Ал Вехда со 30:26. За освоеното трето место, Вардар заработи парична награда од 150.000 долари. Македонскиот шампион во второто полувреме го скрши отпорото на противникот, откако во првите 30 минути беше 16:16.
Даинис Кристопанс беше МВП на мечот со 6 гола. Чупиќ беше најефикасен со 7 гола, додека Атман постигна пет погодоци без промашување. Добар на голот беше и Гедбан кој имаше 13 одбрани.
Во финалето, Барселона со подобра игра во второто полувреме го победи Кил со 34:32. По првото полувреме резултатот беше 17:15 за германскиот тим, но Каталонците успеаа во второто полувреме да постигне 18 погодоци, а прими само 14 и стигна до трофејот.