Ракометниот тим на Вардар играше добро само 20 минути, и тоа беше недоволно за победа против Кил, па Германците извојуваа победа во Скопје од 31-20. Ова е еден од најтешките, ако не и најубедливиот пораз кој Вардар го има претрпено на домашен терен во Лигата на шампионите.
Клучно беше првото полувреме во кое Кил „го уби“ Вардар со неверојатни 16-4. Вардар со фуриозна игра и поддршка од трибините, дојде до 18-23 на 12 минути до крајот, но загубениот Кил успеа некако да го смири налетот со два гола по ред, и тука некако спласнаа надежите дека може да се направи чудо.
Кил е најефикасен тим во групата, но клуч беше нивната одбрана и лошиот напад на Вардар во првото полувреме во кое нашиот тим даде само 4 гола. За Кил, ова е петта победа во седмиот меѓусебен дуел со скопските „црвено-црни“. Германскиот клуб е трети на вечната листа зад Барселона и Веспрем по бројот на мечеви во елитното европско натпреварување.
Сега Кил е лидер на групата Б, за Вардар ова е прв пораз. Наредниот меч на вардарци во ЛШ е за една недела, на гости кај Веспрем.