Матеус Лемос е нов фудбалер на Вардар. Бразилецот кој има 26 години, е второто големо засилување во редовите на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
Матеус доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, каде настапуваше две сезони, освојувајќи две куп титули, што значи дека е играч кој знае како се освојуваат пехари во Македонија.
Вардар моментално е на подготовки во Златибор, каде треба да одигра уште три пријателски дуел. Црвено-црните во новата сезона ќе бидат дел од Прва лига и тоа по пауза од две сезони кои ги помина во Втора лига.