Македонските фудбалски прволигаши денес ќе означат старт на вториот круг од првенството со натпреварите од 12-тото коло. Неколку интересни средби ќе се одиграат на стадионите низ Македонија, а еден од нив секако е дуелот на Вардар против Брера, меч на кој и двете екипи ќе бараат излез од резултатската криза, а тоа посебно се однесува на скопските „црвено-црни“.
Вардар веќе пет натпревари не знае за победа во првенството, односно од победата во Кавадарци, а оттогаш нанижа четири порази и само едно реми на последниот меч против градскиот ривал Работнички. На спротивната страна, струмичката Брера три натпревари нема победа откако пред четири кола убедливо славеше над Пелистер, но квотите во Sport Life велат дека фаворитската улога ја имаат домашните.
Квотата за победа на Вардар е 2.30, додека струмичани за победа имаат квота од 2.85. Во игра е и нерешениот резултат, кој е со квота од 2.95.
Дерби-натпреварот од 12-тото коло ќе се одигра во Кратово, каде што се среќаваат Силекс и Работнички. Лидерот на табелата со предност од три бода гостува кај поранешниот трикратен шампион на Македонија. Дали врвот во македонската лига ќе остане „романтичен“ или Работнички ќе биде симнат, ќе дознаеме околу 15 часот.
На останатите натпревари, екипите на Шкендија и Гостивар се големи фаворити на домашен терен против Беса, односно Пелистер, а фаворит е и Шкупи на гостувањето кај Воска. Актуелниот шампион Струга гостува кај Тиквеш, кој ја одлежа суспензијата на теренот и се враќа во Кавадарци.